Вечниот малограѓанин

10.01.2017 15:37
Вечниот малограѓанин

Првиот роман на Еден фон Хорват (1901-1938), „Вечниот малограѓанин“, настанал 1930 година. Со него писателот во лице му се насмеал на филистарското општество кое - како што наскоро ќе се покаже - ќе создаде дотогаш невидена и застрашувачка тоталитарна дехуманизираност и институционализиран злочин. „Населението на Германија, но и на сите други европски земи, деведесет процени се состои од веќе готови или од идни малограѓани...“, вели Хорват забележувајќи колку ги има оние кои од неговиот „поучен роман“ нема да научат ништо.

Некои од постојаните мотиви на Хорват се присутни и овде: критиката на малограѓанштината, испитувањето на односот помеѓу поединецот и толпата, реалноста и илузијата, фасцинираноста од филмот, јасниот антифашистички став, чувството на искоренетост и бестатковинство, сопственото тело како единствен дом...

Дел од неговите типични драматуршки елементи исто така се присутни во романов: духовитите јазички игри низ брзите и остри дијалози, апсурдот, повторувањето, тишината...

Во едицијата Магма на издавачката куќа Темплум ова е втор роман на Хорват. Првиот, „Младина без бог“, беше објавен 2003 година, меѓу првите книги во едицијата.

Извадок од романот можете да прочитате овде.

Слични содржини

Книга
Книга

ОкоБоли главаВицФото