Коце: улиците се исчистени, ама не се гледа од снегот

11.01.2017 14:12
Коце: улиците се исчистени, ама не се гледа од снегот

Скопје, 11 јануари 2017

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денес изјави дека сите улици во главниот град на Македонија се целосно исчстени, но дека граѓаните не можат да го видат тоа поради снегот. Според неговите зборови, повеќе од 2.000 луѓе во три смени го чистеле Скопје и резултатите од нивниот труд би биле далеку повидливи кога на улиците не би имало снег.

„Градот функционира нормално, сите улици се исчистени, само временските услови се такви што тоа не може убаво да се види. Кога ќе го снема и снегот, сите ќе можат да се уверат дека улиците се ’црни’. Еве, јавно ги повикувам сите оние кои тврдат дека улиците не се исчистени да го тргнат снегот од нив и ќе видат дека воопшто не се во право“, објасни скопскиот градоначалник.

„Точно е дека во одредени делови од градот имаше проблеми со градскиот превоз, но тоа не е затоа што улиците не се исчистени, туку поради тоа што на нив имаше снег. Би сакал само да ја искористам можноста да ги предупредам граѓаните дека можеби ќе им биде уште потешко да забележат колку улиците се чисти бидејќи наскоро се очекуваат нови снежни наноси“, изјави Трајановски.

Градоначалникот на Скопје смета дека снегот на улиците би бил помала пречка и проблем доколку во снежните денови граѓаните остануваат во своите домови.

„Кога не би излегувале од своите станови не би ни забележале дека во градот има некакви проблеми“, истакна тој.

Извор: Njuz
Слика: Александар Дојранлиев