1007 hPa
94 %
17 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 22:59
Нашиот стар доктор Јан
добил повик од Градскиот парк:
„Докторе, итно е, еве ги фактите голи:
имаме еден гостин грлото што го боли!“
„Имате гостин?
Да не е странец?“
„Добро рековте. Тој е Африканец!“
„Ќе дојдам брзо, за еден сат.
Кажете само: на кој спрат?“
„На кој кат? Тежок е тој муабет:
го боли целиот - втор и трет.“
Во големо чудо докторот Јан е фатен:
„Каков е тој болен? Дали е трокатен?!“
„Докторе мил, чујте, ова не е зезанција,
викаме од зоопаркот, по гаранција!
Една жирафа ја боли врат
а тоа е - втор и трет кат.“
Превод: П. В.
Бранко Ќопиќ (Бранко Ћопић, 1915-1984), еден од најдобрите, најпопуларните и најплодните југословенски писатели. Роден е во селото Хашани каде го минал детството. Тој селски детски живот го одбележува, на некој начин, целиот негов опус во кој преовладуваат темите од животот на луѓето во Босанска краина и од Народно ослободителната борба. Напишал триесетина книги за деца, меѓу кои и два романа.