Вечниот оган на лагата

12.01.2017 02:43
Вечниот оган на лагата

Вечен оган што не гори или вечно негоречки оган има само во Македонија. Порано мислев дека некој заборава да дотури плин во инсталацијата или дека при вечното збогатување на паркот со нови споменици и други убавини, некоја машина го скинала доводното црево. Но, не, по извесно време сфатив дека инсталацијата е направена за да не произведува пламен. Што е фасцинантна вообразба на авторите: кој воопшто денес обрнува внимание на вечните огнови што вечно горат. Таа идеја за огнот што не гори прекрасно се вклопува со композицијата на Меморијалниот центар од непознати јунаци кои паѓале за Македонија обично покрај некое печено јагне или врз некоја едра жена на своите јатаци и, се разбира,со златното момче в гаќи, ондосно со Тометејчо/Прометејчо како заокружување на вмровската лага за себе и за Македонија. Заедно со блиската Триумфекална порта и со целата грозотија на централниот Скопјанг. Јас имам впечаток дека ВМРО е толку време на власт затоа што успеа да ја убеди нацијата дека во таа лефтерна лага за себе може да живее поубаво затоа што во имагинарниот свет на измисленото минато може да се репродуцира колку сака, додека во реалниот свет на модерната нација за репродукција мора нешто и да подработува.

Извор: Фејсбук профилот на авторот

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото