Содржина

12.01.2017 04:25
Содржина

Јов, изложен на искушение со телото и имотот, ја проколнува судбината. Тоа е голема поезија. Доаѓаат пријателите и кинејќи ја својата облека ја испитуваат вината на Јов пред лицето на Бога. Јов вреска дека бил праведен. Јов не знае зошто Бог го казнил. Јов не сака да зборува со нив. Јов сака да зборува со Бог. Се јавува Бог на кола од виор. Пред отворениот до коски го фали своето дело: небото, морињата, земјата и животните. А особено Бегемот, а особено Левијатан, ѕверовите што се напојуваат со горделивоста. Тоа е голема поезија. Јов слуша - Бог не зборува на темата. Затоа брзо се покорува пред Бога. Сега настаните брзо се редат. Јов ги добива назад магарињата и камилите, воловите и овците двапати доставени. Кожата повторно зараснува на исклештениот череп. И Јов го дозволува тоа. Јов се помирува. Јов не сака да го расипува ремек-делото.

Превод: Иван Шопов
Слика: Leon Joseph Florentin Bonnat

ОкоБоли главаВицФото