1017 hPa
94 %
10 °C
Скопје - Пон, 07.10.2024 06:59
Кога би знаел јазик лавји
или кравји
или жабји
Кога би знаел јазик мачји
или рачји
Кога би го знаел јазикот на овците
или на волците
или на молците
ах како би рикал
цикал
жужурел
кукурикал
њакал
вриштел
пиштел
шиштел
цивкал
пиукал
мјаукал
урликал
ах како би испуштал секаква ека
ма макар после молчел довека.
Превод: П. В.
Влада Стоиљковиќ (Vladimir Stojiljković, 1938-2002), еден од најзначајните југословенски поети за деца. Бил познат и како врвен автор на радио драми, детски и други, изведувани на речиси сите југословенски радио станици. Интересно е што работел и како илустратор и преведувач; ги превел култните романи „1984“ на Орвел, „Храбриот нов свет“ на Хаксли, „Леси се враќа дома“ од Најт, „Гуливеровите патувања“ од Свифт, „Иби повторно јава“ од Жари... Во седумдесеттите години активно учествувал и во сигналистичкото движење, зад кое стоело интернационалното списание СИГНАЛ.