Класични слики преработени во Лего стил

13.01.2017 13:24
Класични слики преработени во Лего стил

Италијанскот уметник Стефано Болкато во серијата слики (масло на платно) „Луѓе“ се навраќа на класичните дела од историјата на уметноста, но ги преработува во Лего стил.

Тој вели дека ја започнал серијата слики благодарение на љубовта кон овие играчки со кои си играл како дете.

„Лего коцките ми беа омилени играчки кога бев дете. Фасцинацијата датира уште од тогаш, само ја пренесов сега, кога сум возрасен. Еден ден се запрашав како овие фигури би можеле да станат ликови од моите слики, и сфатив дека се идеални фигури со кои може ефективно да се раскаже приказна“, вели Болкато.

Поради неговата специфична мешавина на класичното и модерното, Болкато беше поканет во Археолошкиот музеј во Салерно, Италија, да создаде серија дела кои би требало да ги привлечат помладите посетители.

Извор: www.stefanobolcato.com

ОкоБоли главаВицФото