Тут фаранги

13.01.2017 15:14

Знаеш ли како се викаат јагоди на фарси? Тут фаранги.
Фаранги значи странски; тут - бобинки. Се дружам со
луѓе од Колумбија, Турција и Иран. Сите имаме ќерки
на по една-две години, и научив како се вика „Види!“

на шпански („Мира!“), а еднаш ми направија и турско
кафе. По некој турски збор си донесов од Македонија.
На фарси, ноход фаранги е грашок, а само ноход - наут.
Турчинката рече, „Ах, и ние ноход велиме за леблебија“.

А ќерка ми, таа веќе сè разбира. Немаме телевизор,
па листа сликовници за разонода. Сама ги избира,
ми седнува во скут, ги гледа сликите и ми покажува:
четка за заби (прст во устата, лево-десно со главата),

топка („Бо!“), па уво, нос, чело, веѓи, и очиња. Вели
„Мам-мам“ за јадења. Јас станав експерт за доење,
менување пелени, декодирање бебешки. Ама, знаеш,
портокал си е портокал и на фарси и на македонски.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото