Грипосани и грујосани

13.01.2017 15:32
Грипосани и грујосани

Девмровизација

Пред десетина минути ми се јави Џорџ Сорос.
"Тричковски, дали би сакал за 100 милиони долари да формираш невладина организација која ќе го собори Никола Груевски!?"
"Можам", му реков, "но, нема потреба да се арчите, тој веќе е паднат!"
"Каков господин си,Тричко, ти симнувам капа", ми порача Џорџ и продолжи:
"Овие сто милиони што ни ги заштеди ќе ги донираме за психофизичка рехабилитација на жртвите на тој злосторник, првенствено на жртвите во самото вмро, знаеш и самиот, расчипирување, ново машинско и рачно миење на измиените мозоци, вечерни школи за политичко и општо описменување итн. Со други зборови, за да бидат нормални членови на отвореното општество мораат да се девмровизираат, како што и општеството, ако сака да биде отворено, мора да се ослободи од тоа зло."
12.01.17.



Да сум Коракс
Да сум Коракс јас би го нацртал мандатарот како питач кој на минус 20 го испружил на мразот пред себе мандатот и на улицата "Македонија" ги проси гласовите на Албанците кои минуваат и не го ебаваат!
12.01.17.

Ахмети - нископлафониран тип
Јас знам дека гласовите на Албанците што отидоа кај СДСМ порано одеа, главно, на контото на ДУИ и дека тој трансфер е директна последица на незадоволството на луѓето од политиките на Али Ахмети; знам и тоа дека со ваквата реторика тој сигурно мисли да ги врати така што ќе им каже дека секој глас што не е за ДУИ е загубен глас, односно го знам фундаменталниот став на Ахмети дека сеуште не се созреани условите за граѓанска структурираност на политичките субјекти; тоа се, како да речам, легитимни чувства и ставови со кои јас можам само да не се согласувам; но, од тие премиси да извлечеш заклучок дека Албанците што гласале за СДСМ се хендикеп, некој вид болест во политичкиот процес во кој тој се прашува за нешто и да фаворизираш како проалбанско нешто што е такво само зашто нема ниту еден Албанец во себе - да ја оставиме настрана антиалбанската срж на партијата на Груевски - значи две или три работи: прво, дека тој што зборува така е строгоограничен, нископлафониран тип; второ, дека е безнадежно офуцан во сопствената политичка структура; трето дека таа офуцаност, примитивност и бесперспективност, тоа драматично шлајфување во место, не се резултат на ниските интелектуални и политички плафони, макар што тоа не е исклучено, туку на очигледната мрежа на коруптивни и криминални моменти кои го фиксираат неговиот - Џељо Хоџич тоа убаво го забележа - морински статус, статус без политички капацитет односно со политички капацитет кој му го изел тој што го фатил во мрежата!
12.01.17.

Вечниот оган на лагата
Вечен оган што не гори или вечно негоречки оган има само во Македонија. Порано мислев дека некој заборава да дотури плин во инсталацијата или дека при вечното збогатување на паркот со нови споменици и други убавини, некоја машина го скинала доводното црево. Но, не. По извесно време сфатив дека инсталацијата е направена за да не произведува пламен. Што е фасцинантна вообразба на авторите: кој воопшто денес обрнува внимание на вечните огнови што вечно горат. Таа идеја за огнот што не гори прекрасно се вклопува со композицијата на Меморијалниот центар од непознати јунаци кои паѓале за Македонија обично покрај некое печено јагне или врз некоја едра жена на своите јатаци и, се разбира,со златното момче в гаќи, односно со Тометејчо / Прометејчо како заокружување на вмровската лага за себе и за Македонија. Заедно со блиската Триумфекална порта и со целата грозотија на централниот Скопјанг. Имам впечаток дека ВМРО е толку време на власт зашто успеа да ја убеди нацијата дека во таа левтерна лага за себе може да живее поубаво бидејќи во имагинарниот свет на измисленото минато може да се репродуцира колку сака, додека во реалниот свет на модерната нација за репродукција мора нешто и да подработува.
12.01.17.

Распад
Тоа што нема вода за пиење во многу населби и зони, тоа што поштата не работи, а патиштата се непроодни на пет сантиметри снег, тоа што луѓе умираат кога не им е време, тоа што многу села со денови се отсечени без најосновни услови за живот, тоа што истите работи утре ќе се случат со градскиот превоз, со комуналната хигена, со болниците и клиниките во државна сопственост, со брзата помош, со пензискиот и другите фондови, со се што е елементарна инфраструктура на заедницата, тоа нашата борба ни го даде, вашата борба, поточно, тоа е вашата Вмровска џамахирија во нашиот двор, пизда ви материна, курац мој, македонска!
Умрете во сопствените говна, немој да мислите дека тоа што ќе ви го фрлам е појас за спасување, не, тоа е оловен обрач што побргу ќе ве однесе на дното, сметајте го тоа за милост!
11.01.17.

Десет години не излегол од дома!
Од еден стан во мојот влез слушнав некаков глас. Го залепив левото уво на вратата број осум и почнав да разбирам дека комшијата за кога мислев дека уште пред десетина години отиде кај синот во Канада, нешто сака да ми каже!
-Комши, абе уште ли е на сила препораката да не излегуваме од дома!
-Уште е, комши, уште е, ти што правиш, мислев дека си в Канада?!
-Не, бе комши, каква Канада, десет години ја почитувам препораката, ама веќе не можам, што има надвор ново, ВМРО уште ли се на власт!?
-Уште се, ама уште малку, уште неколку дена, излези да им ја начукаме препораката у г'з!
11.01.17.

Нерамноправност во пљачката
И во пљачката имаме многу сериозно потценување на албанскиот политички фактор: од седум- осум милијарди евра украдени пари во битката за заштита на албанските и на македонските национални интереси, тие би требало да се опарени барем со 25 отсто, а со оглед на клучната улога во долгогодишниот опстој на режимот, можеби и со цели 50 проценти. А моите проценки велат дека кај нив не се слеани повеќе од неколку стотини милиони евра. Каде е тука рамноправноста! Кој ќе ја понесе одговорноста за овој драматичен несразмер во општиот грабеж!
10.01.17.

Грипосани и грујосани
Некои се грипосани, други се грујосани.
Првите можеш да ги оправиш со чајче, парацетамолче или со амоксиклавче во потешките случаи, а вторите да ги ебеш не се лечат!
08.01.17.

Слики: Александар Дојранлиев