1007 hPa
94 %
17 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 21:59
Неговата глава се засолнуваше плашливо под сенилото на ламбата. Сенилото е зелено а и неговите очи се црвени. Постои еден музичар кој не прави никакви движења. Тој спие; неговите пресечени раце свират на виолина за да му помогнат да заборави на својата несреќа.
Скали кои не водат никаде се искачуваат околу куќата. Нема, впрочем, ни прозорци ни врати. Врз покривот се гледаат сенки што се фрлаат во празнината. Тие паѓаат една по друга и не загинуваат. Брзајќи по скалите, тие се искачуваат и одново започнуваат, вечно маѓосани од музичарот кој постојано свири на виолина со рацете што не го слушаат.
Превод од француски: Влада Урошевиќ
Слика: Жак Кало