„Бибер“ - втор регионален конкурс за краток расказ

19.01.2017 01:38
„Бибер“ - втор регионален конкурс за краток расказ

Со задоволство ве известуваме дека е отворен вториот регионален конкурс за краток расказ – „Бибер“. Темата на конкурсот е помирување во контекст на наследството од војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, особено во периодот 1991-2001.

Ги повикуваме сите автори и авторки кои пишуваат на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски и српски јазик да ги испратат своите раскази. Повикот се однесува на афирмирани автори и авторки, како и на оние кои досега немаат објавувано.

Конкурсот е отворен до 14. 06. 2017. година. Авторите/ките на трите најдобри раскази ќе бидат наградени со парични награди. Жири-комисијата ја сочинуваат Татјана Громача, Фарук Шехиќ и Ким Мехмети.

Конкурсот го организира тимот на Бибер во соработка со Центарот за ненасилна акција Сараево – Белград.

Повеќе информации за условите на конкурсот и за наградите можете да најдете на страницата на Бибер.