Штрајк на уметноста на денот на инагурација на Трамп

20.01.2017 09:43
Штрајк на уметноста на денот на инагурација на Трамп

Стотици уметници го потпишаа повикот за Штрајкот на уметноста (Art strike) на денот на инагурацијата на Доналд Трамп за претедател на САД, тоа значи многу повеќе отколку еден ден протест.

Во петок, Доналд Трамп ќе даде заклетва како претседател на Соединетите американски држави. Како знак на протест против „надмоќта на белците, мизогинијата, ксенофобијата, милитаризмот и владеењето на олигарсите“, кои ја карактеризираа неговата кампања, уметници и критичари, вклучувајќи ме и мене, го потпишаа повикот за штрајк на уметноста на овој ден.

Ако сте тип на човек кој не верува дека сегашноста ја одразува особено забележителната и сè поинтензивна „бела надмоќ, мизогинијата, ксенофобијата, милитаризмот и владеењето на олигарсите“ - или верува, но повеќе би сакал овие теми, на некој начин, да бидат одделени од уметноста - тогаш овој пост не е за вас.

Овој пост е и за луѓето кои се согласуваат со сето ова, но мислат дека повикот за штрајкот на уметноста предизвикува поделби или е контроверзен, или дека е ирелевантен, сеедно.

Дозволете ми да кажам дека ќе имав различен став во некоја друга ситуација, во која можев и да напишам критика за идејата за „штрајк на уметноста“.

Постои богата историја на такви активности, како што напиша Грегори Шолет (Gregory Sholette), во еден текст на е-Флакс. Сепак, јазикот на „штрајкот на уметноста“, во основа се стреми со една многу специфична форма на акција, како што е штрајкот, да ги замени другите видови активности: затворање, протести и така натаму. Уметникот што не прави уметност еден ден, не е ист со работникот кој се организира да го затвори своето работно место и чинот на музејот кој доброволно се затвора на еден ден, како симболичен протест не е ист со оној кога уметничката институција би била затворена од страна на оштетените вработени.

Го споменувам ова како предупредување, зашто некои директори превртуваа со очи за штрајкот на уметноста што се подготвува, верувам, поаѓајќи од претпоставките поттикнати од терминот, тие на повикот за штрајк гледаа како случај во кој група луѓе глумат радикален идентитет кој е надвор од нивниот досег.

А сепак, имам впечаток дека луѓето не размислувале многу за самиот термин. Дозволете ми да го цитирам самиот текст на повикот, што мислам дека е прилично внимателно напишан:

Како и секоја тактика, тоа не е цел сама по себе, туку интервенција која ќе влијае и врз иднината. Тоа не е штрајк против уметноста, театарот, или која било друга форма на култура. Тоа е покана одново да се мотивираат овие дејности, да се преосмислат овие простори како места каде што може да се произведуваат форми на отпор на мислата, погледот, чувството и да продуцираат дејствување.“

И натаму:

„Оние кои работат во институциите се нееднакви и поделени на повеќе различни начини и какво било дејствие мора да даде приоритет на гласовите, потребите и интересите на оние кои можат најмногу да изгубат. Како и да е, ако изберете да одговорите на овој повик, Штрајкот на уметноста е можност за јавна одговорност, можност да се афирмираат и да се промовираат вредностите што нашите културни институции тврдат дека ги застапуваат.“

Всушност, повикот е флексибилен, отворен и охрабрувачки. Тој ја врамува акцијата како дел од еден поголем процес, а не како еднократна симболична акција за подобро да се чувствуваме. Тој не ја амнестира уметноста од вмешаноста во структурите на моќ и привилегиите, кои исто така, треба да се преиспитаат. И, што е многу важно, тој повик признава дека постојат различни влогови за различните актери во неа, а со тоа и простор за различни видови акција.

Видете, јас сум критичен кон нејаснотијата „уметничка политика“. Но, се обидувам да верувам дека уметноста може да има став за значајни општествени прашања. Треба да се пробиеме низ размислувањата што осцилираат помеѓу „уметноста е најважната работа на светот!“ и „уметноста е ирелевантна!“.

Немам многу трпение за луѓе како Џонатан Џонс, кои предвидуваат дека тоа само ќе ја намали публиката и тоа во момент кога уметниците се обидуваат да направат нешто релевантно, нешто што ја надминува уметноста.

Се чини дека на луѓето голема радост им причинија тешкотиите на Трамп да добие славни личности што ќе настапат на неговата инаугурација. И јавната расправа околу акцијата штрајк уметноста, меѓу другите работи, им даде сила на луѓето да одбијат и тоа ќе биде нејзина важна задача, сега и во иднина.

Поддршката на акцијата од страна на културата, во големата шема на нештата, можеби не е најважното нешто на светот – но, не е ирелевантна. Таа е дел од понатамошното спречување реакционерните ставови да станат „мејнстрим“.

Може и повеќе да се каже за поголемиот потенцијал на значење за јавноста на оваа акција. Но, наместо тоа, сакам да кажам нешто за тоа дека дури и ако сте склони да се согласите дека уметноста е целосно социјално изолирана, повикот за Штрајкот на уметноста има посебно значење, како дел од една поголема внатрешна дебата.

За мене повикот беше како како мало вбризгување хемикалии во телото пред да одите на скенирање, оние кои му овозможуваат на лекарот појасно да го види системот. Реакциите на повикот за штрајк помогнаа да се добие слика за тоа што е заразено, што е здраво, каде ќе има блокади.

Може да се види, да речеме, дека со институциите како Музејот Квинс (Queens Museum) и Витни (Whitney), кои барем се домаќини на настани во знак на солидарност, ќе се работи полесно, отколку со места како МОМА кои превентивно од претходно најавија дека ќе работат вообичаено како и секој друг ден.

Прагматизамот во одбивањето денот да се третира како ден на протест, стравот од отуѓувањето на потенцијалните донатори и на публика, ја уништува можноста да се даде поддршка и да се легитимираат луѓето кои се чувствуваат како мета на новиот бран нетолеранција и омраза. Исто така, нема сомнение дека зад сцената, институциите се плашат да станат мета на опортунистичките културни воини.

Работата е во тоа што во светот кон кој се се движиме, не треба главата да ја држите повисоко за да не ви биде пресечена. Доказ за тоа е што за време на кампањата, дружењето со перформанс уметницата Марина Абрамовиќ беше прогласено за сатанизам и веднаш стана сериозна тема.

Таква е сега реалноста. И ако во блиска иднина, уметниците станат мета на напади, а институциите паднат во искушение да се скријат во пештера поради „Трампизмот“, што сега ја води државата, дали луѓето ќе бидат изолирани и дали ќе бидат способни да дејствуваат заедно како противтежа на тоа?

Најважната карактеристика на повикот за Штрајк на уметноста, за мене, е што повеќе е обезбедување рамка за луѓето да застанат заедно и да кажат една колективна изјава, а не индивидуални симболични гестови, омилени кај индустријата. На повикот гледам како на разговор и акција што се генерира како дел од процесот на собирање на луѓето подготвени за борбата што допрва ќе дојде.

Целиот начин на кој се направени работите досега, нè доведе до оваа пропаст, моментот кога светкаат „предупредувачките светла“ за демократијата. Оценувањето како стигнавме дотука вклучува и преиспитување на прогресивнита политика која стана малку прекомотона. Одредувањето како ќе се движиме напред, мора да значи излегување од зоната на комфорот.


Извор: Artnet news

ОкоБоли главаВицФото