Три ѕвезди

20.01.2017 13:51
Три ѕвезди

На дното од дупката, наместо строгата мечка - една стара лисица.

Она што пред сè ги изненадува туристите што дошле да ја посетат таа куќарка на чуварот од паркот што е на височина на земјата или дури малку под нивото - тоа е бојата на небото, на квадратот на небото што го покрива ридот.

Потоа, тоа е машката облека на таа чудна жена, малку престара, несомнено.

На крајот, сè е причина за чудење на посетителите на пронаоѓачот.

Сепак, треба уште да се прочита таблата со натпис и да се остави бакшиш во вид на задолжителен прилог.

Зашто тука сè се одржува со помош на тие прилози - дури животното што се држи зад решетките од кафезот, дури човекот што се грижи за животното.

Но ноќе човекот, жената, животното - стануваат чисти измислици, а постои само продавач на шарени сликички кој, седејќи на прагот, пуши на своето луле.

Превод од француски: Влада Урошевиќ
Слика: Giuseppe Giardiello

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото