1034 hPa
85 %
-8 °C
Скопје - Вто, 20.01.2026 03:59

Популарниот бенд Gorillaz се врати по шест години пауза со изненадувачки спот за апокалиптичната песна со името „Hallelujah Money“.
Станува збор за прв сингл од нивниот долгоочекуван албум кој ќе излезе во текот на 2017 година. Бендот одлучи да го објави спотот за песната на денот на инаугурацијата на 45-от претседател на САД, Доналд Трамп.
Песната се осврува на ветувањата со чија помош Трамп дојде на власт, кои подразбираат уништување на човечкото достоинство и досегашните достигнувања на хуманизмот.
Текстот ја допира и коруптивната страна на моќниците, а со сцените во кои се гледаат луѓе со бели качулки, кловнови и просториите во Кулата на Трамп, „Hallelujah Money“ е повеќе од јасна порака до новиот американски шеф на државата.
Извор: Pitchfork