Праската и крушата не мораат да зборуваат

23.01.2017 15:01
Праската и крушата не мораат да зборуваат

За време на Западното ханско царство* живеел еден херој по име Ли Гуанг.**

Градите му биле украсени со ордени стекнати во бројни битки. Бил човек со ретко добро срце. Живеел исто како обичните војници и сè делел со нив. Кога царот ќе му врачел подароци, сите ги разделувал. Ако за време на борба храната и водата биле при крај, прво им давал на другите да јадат и пијат, а ако нешто останело тогаш и самиот земал.

Кога Ли Гуанг починал, немало војник кој не плачел, страдале многу дури и оние кои не го познавале лично. Народот зборувал:

„Праската и крушата не мораат да зборуваат, оти тука се нивните плодови, нивните мирисни цветови. Под крошните се патеките по коишто народот мирно поминува.“

***

Оваа историска приказна се наоѓа во книгата Историја на династијата Хан, напишана од Бан Гу (206‒280 г. н. е.), познат историчар и писател.

За луѓето што не се познати по висока позиција и не се официјално славени, а нивниот углед и доблест вечно живеат и љубовта кон нив се пренесува од колено на колено се вели: Тао ли ву јен (Праската и крушата не мораат да зборуваат).

 

* Западно ханско царство (206 г. п. н. е. ‒ 23 г. н. е.)

** Ли Гуанг, познат херој, во народот омилен поради љубовта и грижата спрема своите војници.

Слика: Zhou Xin Rong