Алаѓозовски: Канческа ќе одговара, министерот повеќе нема да носи одлуки за парите во Годишната програма

24.01.2017 12:58
Алаѓозовски: Канческа ќе одговара, министерот повеќе нема да носи одлуки за парите во Годишната програма

Прес конференција,
Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ
Скопје, 23.01.2017


Почитувани,

Оправдани се реакциите и незадоволството на уметничката и авторската јавност за самоволието со кое Елизабета Канческа Милевска подели пари и во овогодинешната програма за култура. Оправдани се и сомнежите за незаконско постапување на Канческа која ставила потпис на програмата од две позиции, министерка во заминување и пратеничка. И сето ова ќе го преиспитаме.

Им порачуваме на уметниците, авторите, писателите, режисерите дека ваквото неодговорно однесување кон културните работници и граѓаните ќе престане веднаш по основањето на новата Влада.

Во првите 100 дена ќе воведеме целосна транспарентност на Министерството за култура и националните институции.

Тоа ќе значи дека ќе го објавиме составот на сите комисии кои одлучуваат за распределувањето на парите во културата. Наместо како сега, никој да не знае кои се тие луѓе кои носат одлуки под очигледни политички притисоци. Ние ќе воведеме гаранции за целосна самостојност во одлучувањето на комисиите. Министерот нема да може да ја менува нивната одлука.

Сите одлуки на комисиите ќе бидат донесени врз јавно објавени критериуми. Не како сега - авторите на неодобрените проекти да не знаат зошто се одбиени, а авторите на одобрените проекти да не знаат колку пари им се одобрени и зошто на некого му се доделени милиони, а на некого понижувачки средства за неговото дело. Затоа сите одлуки ќе бидат и јавно објавени, заедно со доделените пари и со образложение за одуките.

Ќе го реформираме системот на финансирање на културата со објавување на повеќе повици за проекти во текот на годината. Ќе воведеме нови програмски линии за поддршка на проекти. Ќе го разграничиме и проектното финансирање, од тековно одржување.

Уметниците, авторите, писателите, режисерите се меѓу мнозинството граѓани коишто гласаа за промени. Итно е потребна нова одговорна Влада којашто ќе води реални политики во граѓански интерес.

Извор: sdsm.org.mk

Слични содржини

Став / Култура
Став / Култура
Став / Култура

ОкоБоли главаВицФото