Чернобил ќе се претвори во голем соларен парк?

26.01.2017 14:28
Чернобил ќе се претвори во голем соларен парк?

Чернобил, местото на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата, би можел да стане гигантски соларен парк, потврди украинскиот министер за екологија Остап Семерак.

„Јасно е дека територијата не е погодна за земјоделство, но подрачјето е прилагодено за иновациски и истражувачки проекти“, вели Семерак.

До крајот на годинава повеќе приватни компании ќе изградат две соларни електрани кои ќе имаат сила од три мегавати и ќе бидат поставени на површина од шест хектари.

Количината на сила е значително помала од 4.000 мегавати кои се произведувале во Чернобил во времето на СССР, но се очекува да бидат изградени и нови елеткрани.

Властите најавија дека за соларни паркови се наменети 6.000 хектари во „изолирана зона“ која опфаќа 30 километри околу местото на несреќата.

Меѓународен интерес за проектот

Најмалку 50 отсто од струјата во Украина ја произведуваат нуклеарни електрани, 40 отсто термоелектрани, повеќето на јаглен, 7 отсто хидроелектрани и само 1 отсто соларни.

„За овој проект се заинтересирани многубројни меѓународни компании. Сметам дека во случај на успешни преговори тој би можел да биде покренат уште следната година“, додава Семерак.

Аналитичарите сметаат дека идејата за овој проект е технички одржлива.

Далноводите се сè уште употребливи

„Климатските услови и количината на сончева светлина се подобри во Украина отколку во Германија, во која соларната енергија е распространета“, смета Дмитро Лукомски, извршен директор на Rentechno, украинска фирма специјализирана за обновливи извори на енергија.

Наведува и дека голема предност е тоа што на подрачјето на Чернобил сè уште се наоѓа инсфраструктурата од некогашната нуклеарна електрана, како далноводите кои и понатаму се употребливи.

„Тоа е важен факт, со оглед на тоа дека произведената струја така ќе може да се пренесе до потрошувачите“, истакнува овој стручњак. Сепак, додава дека за проектот сепак се потребни големи вложувања.

Извор: geek.hr

ОкоБоли главаВицФото