1022 hPa
100 %
6 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 10:59
Пред скоро два месеца ве повикав да собереме средства за Цеце, чија судбина говори за сериозноста на системското насилство со кое се соочуваат жените во Македонија. Во брако-разводната постапка, таа ги изгубила двете деца, чиј старател е нивниот татко. Цеце е долго време невработена и не била во состојба тој период да ја плаќа алиментацијата. Поради тоа, таа сега се соочуваше со казна затвор. Оваа жена никогаш не направила ниту едно кривично дело. Таа е жена и мајка која се бори со сиромаштија и тешкотиите на животот, а не криминалец.
Поради тоа се организиравме неколку жени и успеавме да ја собереме потребната сума од 44.000 денари и да ја уплатиме на сметка на таткото. Истото тоа го соопштивме на судот преку жалбата која ни ја спреми Хелсиншкиот Комитет.
Денес Цеце добива одговор дека жалбата ѝ е отфрлена. ЦЕЦЕ ЌЕ МОРА ДА ОДИ ВО ЗАТВОР И ДА ГО ОСТАВИ СВОЕТО МАЛО ДЕТЕ БЕЗ МАЈКА.
КАЖЕТЕ МИ, КАКОВ СИСТЕМ Е ТОЈ ШТО КАЗНУВА СИРОМАШНА МАЈКА, А ШТИТИ КРИМИНАЛЦИ?
Утре ќе имаме повеќе информации околу стратегиите како понатаму, дотогаш ве молам ширете ја приказнава зошто само со притисок од јавност ќе може да ѝ се помогне.
Извор: Фејсбук профилот на авторката
Фотографија: Џесика Тремп