Накусо за градот, хигиената и загадувањето

27.01.2017 02:42
Накусо за градот, хигиената и загадувањето

Дали сите Вие, драги мои, очекувате челниците на овој квази-град да преземат сериозни мерки за намалување на загадувањето?

Е па, јас мислам дека во ниедна нормална европска држава, односно град (освен во Москва, ама таму стварно е оправдано) нема да го сретнеме ова што денес го видов пред бараката на градоначалникот на Град Скопје. Службените автомобили непрекинато им работат, за не дај боже, ако мора случајно да излезат некаде, да влезат во удобно затоплени возила. Од кого бре ние бараме решение за проблемите, кога тие ни ги наметнаа!!! Требало да бидеме среќни колкави се бројките на пм честички, зашто да не биле мерките од гарнитурава на Град Скопје, уште мнооогу повеќе ќе имало... Еј! Па ова е крајно лицемерно безобразие...

Го наметнаа неразумното ширење на градот, без основен интерес што значи град, а тоа дефинитивно не се само станбените згради. Ги проширија улиците и ги направија автопатишта каде секојдневно се случуваат сообраќајни трагедии. Ај што му го симнаа лицето, туку ги узурпираа парковите и сите убави зелени површини кои не биле планирани и поставени случајно (зборувам за нашите претходни општествени услови). Мајките со колички одат по улица, зашто тротоарите во Центар и околината ги направија паркинзи и уште пари земаат за користење на нешто кое е основна урбана категорија – тротоар (кој/кои во овие „неверојатни“ зимски услови, by the way, се направени како писти за камикази). А неверојатни, велам, зашто така викаат тие дојдените, оти сигурно не биле доволно долго во овој град за да паметат какви зими има Скопје! Значи, понеисчистен градов не го паметам.

До кога ќе се соочуваме со квази-граѓани кои ни го диктираат новото провинцијалско, извинете, СЕЛСКО живеење во нешто што некогаш беше - град? А немам ништо фактички против село, напротив, но ако селата имаа тротоари, ќе беа град.

Зарем толку малку разум и одговорност се има?

Овој територијален скопски калабалак што некогаш беше Град стана дефинитивно НеГрад.

Жал ми е за навредените... Ми гореше на душава...

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Били Даркарт

ОкоБоли главаВицФото