Илија Димовски се истакнува во кретенизам и манипулација

27.01.2017 11:46
Илија Димовски се истакнува во кретенизам и манипулација

Илија Димовски се истакнува во кретенизам и манипулација, велејќи: Сорос бил соработник во депортација на Евреите. Десоросоизација е дефашизација.

Највеќе од сè ме иритира отворен фашист преку ревизија на историја да се декларира како антифашист. Второ, таа ревизија, на подалечната, па и поблиската историја, ја спроведуваат припадници на современиот криптофашизам, некаде и отворен фашизам, од Македонија, Унгарија, Словачка и слично. Во сите земји каде Сорос од прв ден по падот на претходниот систем, помага и финансиски и системски.

Трето, на човек со еврејско потекло да му залепиш соработништво во депортација на Евреите, верувам е нешто за што и самата еврејска заедница треба да го провери и да реагира. Како е можно, партиите и движењата, било на Орбан и неговата инспирација од фашистот Хорти или ВМРО и нивната ванчомихајловска матрица, движења секогаш низ историјата блиски до најголемите крвници и фашисти, до овој степен да ја манипулираат историјата и идентификацијата со одредени илуминирани вредности. Знаеш што е ова, Илија, што ти го правиш? Oва е отворен антисемитизам. Ова е навреда врз македонските Евреи, но и врз Евреите од целиот свет, едно прљаво и гнасно фашистче како тебе д ја ревидира нивната мачна историја, за себе и за своето движење да го рехабилитира во нешто што никогаш не било, а тоа е: антифашистичко. Ја уништивте нашата антифашистичка меморија, ги избркавте на улица нашите партизани и борци, станавте фашизоидни, и вие ќе зборите за дефашизација. Отвори се земјо, проголтни го овој гад, гадосан.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња