Хорхе мој!

01.02.2017 01:31
Хорхе мој!

Кога читам дека „сите очи биле вперени во Иванов“, не знам што ме повеќе излудува: дали фактот што сите очи се вперени или фактот дека се вперени во еден идиот или, можеби, исчекувањето на нешто важно, дури, би рекол драматично важно што се навестува во „вперените очи“ во таа адреса. Сето тоа акомпанирано со сапунични толкувања и анализи на Уставот и на претседателските овластувања на идиотот во врска со факинг мандатот за состав на нова влада. Тоа јас го викам похување на палачинките во лајна, а мајсторите на нашата кујна веројатно би рекле: трандиционално македонско јадење, мммммм, прсти да излижеш!

Ако Хорхе реши мандатот да ѝ го даде на Маја или на својата мачка, нема ништо битно да се смени во нашиот однос, никој нема да се качи горе да му го скрши вратот или да го однесе на присилно лекување, повторно ќе се јави Камишева Кара да ни објаснува дека никаде во Уставот не пишува дека претседателот нема право мандатот да ѝ го додели на својата сопруга или на кобилата Сузи и ќе биде во право затоа што такво нешто навистина нема во Уставот. А опозициски настроената јавност, до последен момент ќе се надева дека наместо Маја или Сузи, нивните фаворити од Бихаќка ќе го лапнат томосот на афтокефалноста!

Во врска со тоа би сакал да го кажам следното: Хорхе мој, тоа што очите се вперени во тебе, тоа е затоа што луѓето те сметаат за луд, а не затоа што е важна твојата уставна позиција во врска со мандатот! Батали го Саво, човеку!

Твојата позиција е протоколарна, такаречи парадна, дали ме разбираш?

Заев, сакам да кажам, не е твој избор на мандатарската позиција, тоа е избор на гласачите, што ќе рече на народот на Македонија, на граѓаните, ти си тука да викнеш камери и да се сликнеш додека му ја врачуваш папката на лидерот на СДСМ.

Во тоа толкување имаш и цврсто алиби пред чипираните идиоти на ВМРО.

Сè друго, драг мој Хорхе, е влегување во многу длабоките води на политичкиот криминал и кривичната одговорност и климатизирање на природното право на општеството да те тргне од таа позиција ако оцени дека ти свесно или затоа што немаш деловна способност, ги предизвикуваш неговите елементарни егзистенцијални пориви.

Тоа е Хорхе.

Ако си луд, не мора да бидеш и глуп.

Играта е завршена.

Дури и да не дојдеме горе, знај дека ти ќе треба да се симнеш долу!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Били Даркарт

ОкоБоли главаВицФото