Почина Масаја Накамура, творецот на Пек-Мен

01.02.2017 02:57
Почина Масаја Накамура, творецот на Пек-Мен

Творецот на Пек-Мен и основач на јапонската компанија која стои зад култната видео-игра, Масаја Накамура, почина на 91-годишна возраст.

Накамура ја основал компанијата Namco во 1959 година, а легендарната игра Пек-Мен која се појавила на пазарот во 1980 година ја дизајнирал инженерот Тору Иватани. Се проценува дека оттогаш играта е одиграна 10 милијарди пати. Гинис ја прогласи за најуспешна аркадна игра.

Пек-Мен стекна огромна популарност уште од денот на издавањето и се смета за класика во овој медиум. Таа е практично синоним за видео-игри и една од иконите на популарната култура на 1980-тите. Веднаш по излегувањето, играта стана оштествен феномен. И денес се наоѓа на маици, кутии од прехранбени производи и разни предмети, а филипинскиот босер Мани Пакјао го доби својот надимак по оваа игра.

Компанијата не објави детали за смртта на Накамура по барање на семејството. На погребот присуствувале само неговите најблиски роднини.

Извор: BBC

ОкоБоли главаВицФото