Враната и орелот

01.02.2017 13:28

Еден ден една врана
Сретнала орел на парче лед,
Го измеркала од секоја страна,
Па рекла прва, преку ред:

„Знаеш, ти си орел, јас сум врана,
Ти си цар по небо што шпарта,
Лик ко од бајка целиот без мана -
Ај одма да преминеме на стварта.

Јас сум ти врана без гаврана,
За која е јасно кон што се стреми,
Само мисирот има забрана,
А за боеми нема дилеми!

И како женска и како женка
Со многу чари можам да се пофалам,
Ама не сум ти јас некоја мека фемка,
И ветувам - нема да дигам чалам.

Можеби ќе те израдувам, како творец,
Со половно орелче, ако бидеме умешни;
Еднаш родив дете со комарец,
Ах, какви тоа беа смешки!“

Симнувајќи ја круната орелот рече
Без да се плаши за сопствениот пад:
„Иако си опасна шмизла сепак ме привлече
Оти си единствената птица во овој град!“

Превод: П. В.

Огден Неш (Frederic Ogden Nash, 1902 – 1971), најпознатиот американски хумористичен поет. И покрај импресивниот поетски опус, наоѓал време да гостува по театри и во радиски емисии ширум Америка. Внел разни стилски новости, целиот живот останувајќи доследен во кршењето на поетските правила. Некои критичари зборуваат за најмалку тројца Огден Нешови: експерименталниот пиротехничар, социјалниот критичар и разузданиот хуморист. Го нарекувале „Волт Витмен во делириум“ и „шекспировска луда“. И денес е голема инспирација за неконвенционалните писатели склони кон хумор и експерименти со јазикот.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото