Пет прашања за ВМРО-ДПМНЕ

01.02.2017 23:11
Пет прашања за ВМРО-ДПМНЕ

ДПМНЕ: „ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарува на советот на ЕУ, но одлуките во Македонија ги носат пратениците во Собранието, избрани од народот. Ние како најголема партија со најмногу пратеници сметаме дека најдобро решение се предвремени избори и до крај ке се залагаме за истото. Македонија има искуство со широки коалиции и во 1991 со експертската Влада и во 2001 со воениот конфликт. Тие ништо добро не ѝ донеле на Македонија.“

Прашања:

1) Ако Владата на Кљусев ништо добро не ѝ донела на Македонија, зошто Груевски го чествуваше Кљусев и именуваше улици по Кљусев?

2) Ако широката коалиција во 2001 (со која започна надминување на воениот конфликт) ништо добро не ѝ донела на Македонија, зошто тогаш Груевски не ѝ се извини на јавноста што бил дел од таа широка влада како министер за финансии?

3) Ако одлуките во Македонија ги носат пратениците во Собранието, зошто тогаш не се свикува седница на собранието?

4) Ако „најдобро решение се предвремени избори“ зошто тогаш цело време ја лажевте јавноста дека изборите на 11 декември ќе означат крај на кризата?

5) Ако „најдобро решение се предвремени избори“ зошто не соберете 61 пратеник кои на собраниска седница ќе изгласаат распуштање на собранието?

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Дојранлиев