Кој одлучува?

02.02.2017 04:25
Кој одлучува?

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на 23 јануари гостуваше во отвореното студио на ТВ Нова, каде се зборуваше за контроверзната Годишна програма на Министерството за култура.

Канческа-Милевска се огради од одлуките на комисиите, велејќи дека не се меша во нивната работа.

Но, дали работите навистина стојат така? Претседателот на комисијата за драмска дејност Хамди Рашиди, се чини, ја демантираше министерката.

Рашиди во изјава за Телма коментира дека за комедијата „Сон на летната ноќ“ имало апликација само од театар Комедија, додека во конечната програма оваа претстава ја има дури трипати, во три различни театри!

„По преземањето од страна на министерката, таа има право и цифрите да ги промени, да додаде нешто или нешто да отстрани“, вели Рашиди.

ОкоБоли главаВицФото