Детската игра во најнегостољубивите места во светот

02.02.2017 12:28
Детската игра во најнегостољубивите места во светот

Кристин, еден ден по бомбашкиот напад во источниот дел на Украина, 2016

Како децата си играат во камповите за бегалци, абориџинските резервати, и местата опустошени од војната?

Реткост е да се види насмевка на фотографиите на деца на Марк Невил. Дури и во подобри околности, меѓу калта и чадот во добро организираните авантуристички игралишта, децата делуваат строго и сериозно: длабоко фокусирани на она што во бизнисот е нерегуларно. Во она што Невил го нарекува „угнетен простор“, во бегалскиот камп Какума во Кенија, или во бомбашки оштетениот источниот дел на Украина, децата зјапаат во неговата камера збунето и зачудено, како за миг разбудени од поапсорптивен внатрешен свет.

„Детска игра“, изложбата која оваа недела се отвора во Foundling Museum во Лондон, носи слики од 15-годишното искуство со фотографија на Невил. Од Авганистан до Питсбург, Лондон, Корби, Порт Глазгов, тој забележал дека сите негови големи, општествено ангажирани серии вклучуваат моќни слики од деца. Тие сега се дел од пошироката кампања за подигање на свеста за важноста на играта во развојот на децата.

Невил претходно ги обработувал темите на пост-трауматскиот стрес, токсичниот отпад и војната, па оваа нова тема - играта - може да изгледа како просветлувачко заокружување на серијата. Но, тој смета дека претставува стратегија за опстанок која е од суштинско значење. Неструктурираната активност детерминирана од детето, спротивставена на едукативните или спортски игри, претставува „социјална интеракција, тестирање на границите и довербата. Единствениот начин на кој можеме да стекнеме самодоверба е да ги тестираме своите стравови. Некои од нив се социјални, некои физички, некои психолошки. Сите тие стравови се тестираат на игралиштето: тоа е микрокосмос на реалниот свет.“

Едно момче во бегалскиот камп во Какума, Кенија, 2016, фотографија наменета за Меѓународниот спасувачки комитет

Новиот материјал за шоуто е донесен во Кенија и Украина, како и во Лондон во околината на Ислингтон, што му обезбеди на Невил пристап до паркот Тофи и авантуристичките игралишта на Лампи Хил. Невил е загрижен поради недостатокот на национална стратегија за играње во Велика Британија, која може да се лобира во име на таквите страници. „Кога се размислува околу тоа што треба да се елиминира, погледот се насочува кон паркот Тофи и помислуваме: „Сигурно децата можат да играат на училиште, па нам не ни треба тоа. И така сето тоа се занемарува. Доколку не обезбедиме повеќе простор и време за игра, ќе бидеме сведоци на сè повеќе пропаднати генерации.“

Низ илјадниците милји територија која ја покрива шоуто, се појавуваат заеднички теми: деца кои си играат со синџири и тркала во Кенија и во Авганистан; девојчиња кои си играат мајки и ќерки; универзалната присутност на вода, кал, јаже и жици. Гледаме деца кои перформативно настапуваат пред камерата: има по некоја повремена манична насмевка, агресивниот метеж кој го прави едно момче на предучилишна возраст во Питсбург и неочекуваните гримаси на едно девојче во јужниот дел на Авганистан. „Возевме неколку часа за да дојдеме до Лашкар Гах“ – се присетува Невил. Во моментот кога пристигнавме се одвиваше училишен час на отворено. Јас седев позади и одеднаш едно девојче стана и почна да позира пред камерата како филмска ѕвезда од нем филм“.

Божиќ во провинцијата Хелманд, Авганистан, 2010

Невил првпат со свои очи видел како во овие непријателски средини, играта станува „издувен вентил, ослободување, еден вид терапија“. Им овозможува на децата „во нивните глави да добијат смисла ужасите кои се случуваат во светот на возрасните и да се справат со нив. Без разлика дали се тоа ужасите на животот во Ислингтон, каде што навистина постојат, или во абориџинскиот резерват во Шаматава, Манитоба“

Резерватот во Канада добил тотемска димензија за Невил, место на екстремно занемарување. Заедница од околу 1.600 жители кои живеат во колиби, купуваат од една самопослуга (која изгорела во септември минатата година) и е достапна само со авион, Шаматава е дом на „генерација на абориџинските племиња Кри и Сиокс, кои беа целосно лишени од сè, од својот идентитет и религија. Возрасните живеат без надеж, така што тие стануваат и безнадежни родители...“

Една слика на Шаматава покажува делумно облечени деца во трошна кујна со отсечена глава на лос на подот, во локва крв. Нешто што може да биде рачка од секира или кундак од пиштол, лежи покрај неа. Во Шаматава има шокантен број на самоубиства на деца. „Децата сфаќаат дека ако се убиеш, има погреб и јавно посветување на внимание и тажење“ - вели Невил. „Шетав наоколу и дојдов до една мала чистинка во шумата. Имаше гробишта со мали крстови со мечиња закачени на нив, имаше стотици такви гробови. Не можев да се воздржам, а да не заплакам.

Глава на лос, Шаматава, Манитоба, 2016

Во март, заедно со „Детска игра“, Foundling Museum ќе биде домаќин на симпозиум за прашања за јавен простор и правата на децата. Невил и Адријан Воучи, учесник во кампањата, заеднички објавија книга во која се конципираат прашања за менталното и физичкото здравје поврзани со недостатокот на слободна игра. Таа нема да биде комерцијално достапна, но наместо тоа, ќе биде испратена до органите и лицата кои имаат удел во овие прашања, или влијание во областа.

Ова го рефлектира верувањето на Невил дека чинот на едноставно фотографирање и изложување на фотографиите повеќе не е доволен: сликите треба да се претстават на начин на кој навистиа може да се направи суштинска разлика. „Бидејќи светот во моментот е една голема ебена катастрофа, зарем не?“ - вели тој. „Никој од нас не може да седи мирен и да дозволи сето тоа да се случува.“

Изложбата „Детска игра“ ќе биде изложена во Foundling Museum во Лондон, од 3-ти февруари, до 30-ти април.

Извор:Тhe Guardian

ОкоБоли главаВицФото