Патрик Чапат: карикатури

04.02.17 14:49

Патрик Чапат (Patrick Chappatte) е карикатурист и уредник во меѓународното издание на „Њујорк тајмс“, порано познато како „Интернешнал Хералд Трибјун“ (International Herald Tribune), кое ги објавува неговите карикатури од 2001 година. Весникот на Чапат му издаде пет книги карикатури. Последната, под наслов „Стрес тест“, излезе во 2012 година.

Тој е редовен соработник на европските весници „Neue Zürcher Zeitung“ и „Le Temps“. Претходно, работел и за изданието „Book Review“ на „Њујорк тајмс“. За весникот „Newsweek International“ го создаде стрипот насловен „Роб кибернаутот“.

Чапат работи графичко новинарство од 1995 година. Неговите стории се за војната во Газа (2009), сиромашните квартови во Најроби (2010), насилството на бандите во централна Америка (2012) и музичкиот жанр „к-поп“ во Јужна Кореја (2013). Една од овие стории, во 2011 година, е адаптирана во краток анимиран документарен филм.

Патрик Чапат е добитник на наградата „Томас Наст“ што ја доделува Меѓународниот Прес клуб на Америка.

Тој е роден 1967 година, во Пакистан, од мајка Либанка и татко Швајцарец. Живеел во Сингапур, Женева и Њујорк. Чапат со сопругата и нивните тројца синови, сега живее помеѓу Лос Анџелес и Женева.

ОкоБоли главаВицФото