Загадувањето на воздухот е еден од главните фактори за смртност кај децата!

06.02.2017 01:17
Загадувањето на воздухот е еден од главните фактори за смртност кај децата!

ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ Е ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ ФАКТОРИ ЗА СМРТНОСТ КАЈ ДЕЦАТА! АЛАРМАНТНО!!!

 

ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ЈА ПРЕМИНУВА ГРАНИЦАТА МЕЃУ КРВТА И МОЗОКОТ И ТРАЈНО ГО ОШТЕТУВА ДЕТСКИОТ МОЗОК ВО РАЗВОЈ!

ДЕЦАТА СЕ НЕМОЌНИ ШТО БИЛО ДА СМЕНАТ.

НА ДЕЦАТА ИМ Е ЗАГРОЗЕНО НАЈЕЛЕМЕНТАРНОТО ПРАВО: ПРАВОТО НА ЖИВОТ! (Конвенција за правата на детето, член 6). Република Македонија како потписничка на Конвенцијата е должна на децата да им овозможи да живеат и да се развиваат!

Според Светска банка, аерозагадувањето во Македонија убива 1.350 луѓе годишно. Децата се најосетливата група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото.

Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена. Децата се најосетливата група на сите загадувања од животната средина „пред сè затоа што имаат организам во развој, затоа што имаат позабрзано дишење и поголема глад за воздух од возрасните и затоа што се немоќни што било да сменат. Значи, ги чекаат нашите акции и политики. Така што, бројни се последиците од аерозагадувањето по разни делови на организмот, а кај децата фокусот е врз белодробниот систем“ - доктор Драган Ѓоргев од Институтот за јавно здравје.

Децата се почувствителни од возрасните на внатрешно и надворешно загадување на воздухот, бидејќи нивните бели дробови, мозокот и имунолошкиот систем сè уште се развиваат, а нивниот респираторен тракт е попорозен. Исто така, малите деца дишат побрзо од возрасните и вдишуваат повеќе воздух во однос на телесната тежина.

Истражувањето Прочистете го воздухот заради децата (УНИЦЕФ), укажува дека загадувањето на воздухот е важен фактор за смрт на речиси 600.000 деца помлади од пет години секоја година и е закана за животите и иднината на милиони секој ден.

„Загадувачите не само што им штетат на детските бели дробови во развој - туку всушност ја преминуваат границата меѓу крвта и мозокот и трајно го оштетуваат детскиот мозок во развој - па така, и детската иднина. Ниту едно општество не смее да си дозволи да го игнорира загадувањето на воздухот.“

ОД НАС, ВОЗРАСНИТЕ, ЗАВИСИ ДАЛИ ЌЕ ГИ СПАСИМЕ ДЕЦАТА. НО КАКО?

КОЈ ЌЕ ЈА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА СМРТНОСТА НА ДЕЦАТА ОД ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ?

БАРАМЕ ИТНО ПРЕЗЕМАЊЕ СООДВЕТНИ МЕРКИ ОД НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ!!!

Слика: Александар Дојранлиев