За момент

06.02.2017 11:30

Земате долар
и му го давате на типот крај вас,
кој се врти и му го предава на следниот
во редот. А бидејќи земјата е округла,
стоите и чекате, пушејќи и придигнувајќи ја
шољата кафе до усните, дрдорејќи
за времето и спомнувајќи
проблеми. Доларот се враќа,
малку кафе брзајќи
просипувате врз тлото.
Парите ги имате
во едната рака, шољата во друга,
цигарата в уста,
и за момент не се сеќавате
што треба да направите,
косата ви белее, а нозете ви заслабнале
од долгото стоење.

Превод: П. В.

Дејвид Игнатов (David Ignatow, 1914 – 1997), еден од најугледните американски поети во 20 век. Целиот живот го поминал во Њујорк. Автор е на дваесетина стихозбирки.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото