Конкурс за дизајн на постер за „Прво па женско“

07.02.2017 01:47
Конкурс за дизајн на постер за „Прво па женско“

Драги дизајнерки и дизајнери, оваа година „ПРВО ПА ЖЕНСКО“ полни пет години! Па, како и на секоја славеничка, и на нашата ѝ е потребен соодветен роденденски аутфит.

Тиииит! Инк. ве повикуваат да се пријавите на отворениот повик за дизајнерско решение за постер за годишеното издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.

Вашата креативност, оригиналност, талент и секако, вљубеност во овој фестивал нека бидат подарокот на славеничката која годинава ни вети забава што ќе нè тресе од 18 до 21 мај во МКЦ.

Темата на годинешното издание е „Жените ќе го спасат светот!“. Дополнително, имајте на ум дека се работи за јубилејно, роденденско издание, а за почетна инспирација можете (што секако не е задолжително) да ги земете предвид досегашните фестивалски постери.

Вашиот предлог дизајн може да го споделите на Facebook со хаштаг #ППЖ5 и истиот го очекуваме во А3 формат како PDF фајл пратен на prvopazensko@gmail.com, најдоцна до 1 март. На истиот мејл можете да ни поставите и прашања.

Победничката/победникот на овој повик ќе работи на дизајнот на промотивните материјали за петтото издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО… секако, со паричен надомест за сработеното.

ОкоБоли главаВицФото