Балада за мојот психоаналитичар

08.02.2017 11:52

Ме мачи грижа што во мојата глава
Нема подлабок, скриен, подсвесен слој:
Под мојот патец не се заканува со поплава
Никаков комплекс од фројдовски сој!
Никаде нема баш никаква невроза
И такви слични имиња фиксни
Никаде либидо ниту психоза,
Ниту скривалиште за тајни сни!

Во сништата немам амблеми
За аналитичка коректура,
Ниту какви било проблеми
За царина или за цензура,
Немам ни одвишен рафинман,
Ни простотилак од кој вријам,
Не ми треба никаков дерман ‒
Та не знам од срам каде да се скријам!

Се подига поклопецот од мојата глава,
Кога таму ‒ склопот е сосема в ред!
Немаат стручњаците со што да се бават
Кога ќе видат мозок толку блед:
Сè полно со воздух и многу светла,
Нема таму некој зафрлен кош
Залудно ќе трага стручната метла
По некој мрачен, скриен ќош!

И кога низ спиралните скали ќе се спушти
Подсвестнолошкиот тим истражувачи,
Залудни ќе им бидат трудот и надежите пусти ‒
Нема тука ништо што нешто значи!
Мојата подсвест има таков дизајн ‒
Што во нејзе шлајфува секоја тајна!
Ги нема комплексите од кои вријам ‒
Та не знам од срам каде да се скријам!

Превод: П. В.

Кенет Лилингтон (Kenneth Lillington 1916‒1998), англиски поет и писател, најпознат по своите фантазиски романи за млади. Пишувал и драми и поезија, исто така главно за млади.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото