Македонските граѓани ги замолија Романците да протестираат потивко, зашто им пречи вревата

09.02.2017 11:16
Македонските граѓани ги замолија Романците да протестираат потивко, зашто им пречи вревата

Скопје, 9 февруари 2017

Повеќето граѓани на Македонија, сонливи по уште една непроспиена ноќ, упатија остар протест до Романците кои веќе со денови прават неподнослива врева протестирајќи против својата влада ширум Романија.

Елена Илкова од Капиштец вели дека со денови навечер лошо сшие зашто вревата која доаѓа од правец на Романија е неподнослива.

„Ок, разбравме дека Романците се изборија онаа уредба за некаква корупција да се повлече, ама што сакаат уште? Слушам дека сега сакаат да ја урнат и власта. Не се мешам во тоа дали она што го прават е исправно или не, знам само дека полека ми попуштаат нервите поради нивната врева. Таман човек ќе се навикне на период на мир и тишина во Македонија и некои будали сакаат сето тоа да го прекинат“, се пожали оваа жителка на Капиштец.

„Нека протестираат во себе, како ние можеме...“, додава Елена.

Од Здружението „Спокој“ кое брои околу 500 илјади членови, полнолетни граѓани на Македонија, упатија остар протест до сите Романци дека повеќе нема да ја толерираат вревата која стигнува од тие земји.

„Не нè интересираат причините за нивното собирање и врева. Им дадовме ултиматум: или ќе престанат со протестите или ќе ги повикаме граѓаните на Македонија да излезат во голем број на улиците и да се изборат за своето право на мирен и спокоен живот во Македонија. Очекуваме да се појават многу повеќе граѓани отколку што се собраа деновиве во Романија“, вели Тодор Кузмановски, претседател на здружението „Спокој“.

Како што неофицијално дознаваат Пара вести, Романците изразиле жалење поради вревата и ги замолиле Македонците да им дадат уште некој ден шанса „да пробаат да се изборат да добијат власт макар приближно добра како онаа во Македонија“.

Извор: Njuz