Рехабилитација на воениот инвалид

09.02.2017 16:29

Ногата што ми ја дадовте ме нажали —
Иако е таман, нешто важно ѝ фали.

Докторе, докторе, ве молам ко Бога:
Мене ми треба црна ортопедска нога.

Не можам да се вратам во Џорџија, добога —
Ќе се муртат белците на ваквата нога.

Докторе, докторе, ве молам ко Бога:
Мене ми треба црна ортопедска нога.

Превод: П. В.

Реј Дјурем (Ramón (Ray) Durem, 1915-1963), американски поет, црнец. Служел во американската морнарица, пред да се запише на Универзитетот Беркли, во Калифорнија. Во 1931 г. ѝ се придружил на Комунистичката партија. Учествувал во Шпанската граѓанска војна на страната на републиканците, и бил ранет. По Втората светска војна станал синдикалист и ја напуштил Комунистичката партија. Неговите најдобри песни настануваат во педесеттите години; ги објавува во малотиражни весници и списанија. Со сопругата морал да избега во Мексико, пред малтретирањата од страна на власта во САД. Во 1962 г. се вратил во Лос Анџелес, каде и починал, од рак, 1963 г. Бил голема инспирација за Black Power движењето, посебно со неговата постхумно објавена збирка Take No Prisoners (1971).


Оригиналната песна

Ray Durem
Vet's Rehabilitation

Doctor doctor, it fits real fine,
But the leg you gave me worries my mind!

Doctor, doctor, hear me beg.
Get me a black artificial leg

I'm going home to a Georgia town.
This leg would make the white folks frown.

Doctor, doctor, hear me beg:
I want a black artifical leg.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото