Уметникот Ѓорѓе Јовановиќ учестува на меѓународна изложба во престижната „Захета“ во Варшава

11.02.2017 11:16
Уметникот Ѓорѓе Јовановиќ учестува на меѓународна изложба во престижната „Захета“ во Варшава

Македонскиот ликовен уметник Ѓорѓе Јовановиќ учествува во меѓународната групна изложба Да се употреби повторно: минатото како костим или инспирација во реномираната галерија „Zachęta Project Room“ - Националната уметничка галерија Захета во Варшава.

Изложбата во галеријата „Zachęta Project Room“ која е дел од Националната уметничка галерија во  Варшава ќе биде oтвoрена во сабота на 11.02.2017.

Во делата  презентирани на изложбата (видео инсталации, фотографии и  објекти) уметниците ги  користат артефактите од поновата историја (архитектурата, фотографијата, медиумските слики и  документирањето на политичките и општествените случувања, филмот и музиката). Некои автори ги третираат артефактите како сцена на која тие развиваат целосно нови идеи, а другите  пак повеќе реферираат на приказните што тие  ги употеребуваат како инспирација. Поканетите уметници се родени во поранешна Југославија. Тие живеат и работат во Белград, Љубљана, Скопје,  Амстердам и Виена. Учесници на изложбата се Ана Адамовиќ, Младен Бизумиќ, Јасмина Цибиќ, doplgenger, Бојан Фајфиќ, Ѓорѓе Јовановиќ, Иван Петровиќ, Саша Ткаченко, Милош Томиќ.

Кураторка на изложбата е Магда Кардаш.

Јовановиќ на оваа изложба ќе се претстави со видеото „They All Wait for Me to Pay“ изработено во Тирана, во 2013 година, во кое тој соработува со традиционален исо-полифониски хор и претставува обид да се поврзе минатото и сегашноста преку пеење и раскажување.  

Изложбата Да се употреби повторно: минатото, како костим или инспирација е организирана во рамки на размената помеѓу Салонот на Музејот на Современ уметност од Белград  и Проектниот простор Захета.