Бела река

12.02.2017 19:01

Бела река, бела, бела,
излезена в поле цела
да ги стави под либела
сите ниви, сите села.
На времето време му е
да ја запре, да ја чуе:
го мрази ли многу мразот
што нејзини места гази,
што зборува на ист јазик
дури вратот ѝ гo лази.
Оти му е мајка и ќерка
таа прва пролетерка;
фантазерка што се мерка
во очите на сек’а ѕверка.
Бела река, бела, бела,
што ги стави под либела
сите ниви, сите села
на две-три што ја делат.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото