Најуспешните лидери се во расчекор со културата во нивната организација

13.02.2017 03:11
Најуспешните лидери се во расчекор со културата во нивната организација

Веќе подолго време психолозите ги проучуваат лидерството и културата во организациите, како важни фактори што придонесуваат за успехот на организацијата.

Современите истражувачи на лидерството, обносувањето на лидерот во организацијата го класифицираат како насочено кон задача (task) и насочено кон односи (релации) (relations). Културата во организацијата, исто така, се класифицира во две категории, култура насочена кон задачата и клтура насочена кон односите.

Значи, од една страна имаме лидер што може да биде насочен кон задачата или насочен кон односите. Од друга страна имаме организациска култура, исто така, насочена кон задачата или кон односите.

За улогата на обносувањето на лидерот и за улогата на културата во организацијата има многу истражувања, но нема за нивната интеракција. Досегашните истражувања не разјасниле како лидерите треба да се обносуваат, односно, дали лидерите треба да се обносуваат слично или различно на културата која се негува во организацијата.

Модалитетите на лидерство со модалитетите на организациска култура можат да се комбинираат на разни начини, односно можат да се комбинираат врз основа на сличност (на пример, лидер насочен кон задачата - култура насочена кон задачата) или различност (на пример лидер насочен кон задача – култура насочена кон односи). Која комбинација на модалитети е подобра?

Овие спротивни гледишта го мотивирале Чед Хертнел од Georgia State University да го истражи следново прашање: кој лидер е поуспешен, оној чие однесување е во согласност со културата во организацијата или оној чие однесување не е во согласност со културата во организацијата?

Негова главна цел била да го истражи влијанието на различни комбинации на соодветни димензии на лидерство и култура.

Според тоа, се поставува прашање, какво обносување треба да има лидерот во организација со одредена култура?

На прв поглед би рекле дека успешна организација треба да има лидер чие што обносување соодветствува на културата во организацијата. На пример, ако во организацијата доминира култура насочена кон задачата, тогаш лидерот, исто така, треба да биде насочен кон работните задачи. Сево ова изгледа порамнето, хармонично, но тоа не е во согласност со емпириските податоци, добиени во едно истражување објавено неодамна (2016 година) во списанието Применета психологија (Applied Psychology). Според податоците од тоа истражување, лидерот не треба да се построи во линија со културата во организацијата. Напротив, тој треба да го обезбеди тоа што недостасува.

Чед Хертнел со своите соработници извршил обемно истражување во 120 организации. Тие ги замолиле субјектите во истражувањето да ги проценат лидерите според два критериума, односно, дали се тие насочени кон задачата (task leadership) или кон кон луѓето (relational leadership), и истоврремено да ја проценат нивната организациска култура на истите две димензии (задача, односи). Истражувачите сакале да осознаат која комбинација на лидерство и култура ќе се покаже најкорисна за организацијата по девет месеци, мерено со финансиски показатели.

Податоците даваат нејасна слика за порамнувањето, односно за претпоставката за сличност помеѓу однесувањето на лидерот и културата во организацијата. Кога е во прашање насоченоста кон релации, несоодветните спарувања биле секогаш подобри. Компаниите со култура високо наосочена кон релации, работеле поуспешно кога биле водени од лидер со ниска насоченост кон релации. Истовремено, лидерите високо насочени кон релации имале добри резултати кога работеле во организација со ниско насочена култура кон релаците.

Слична слика се појавила за насоченоста кон задачата, каде што комбинацијата од високонасочена култура кон задачата и високонасочен лидер кон задачата даде најлоши резултати.

Зошто е тоа така? Ако лидерот и културата се сложуваат, поголем дел од напорите на лидерот се непотребни. Кога организацијата има култура високонасочена на исходот од работата, лидерот, исто така високонасочен кон задачата, не може да обезбеди поголема успешност на организацијата, затоа што организацијата е веќе усешна, односно, организациската култура делува како „замена за лидерството“. Работата на лидерот е да воведе нешто ново и, би рекол, потребно, на пример релациони односи во високо насочена култура кон задачата.

Тимот на Хартнел истакнува дека нивните наоди оперираат на широко ниво. Оваа студија не треба да биде оправдување за вработување на дисруптивни контраменаџери. На поширок план, треба да се разгледа што на една организација ѝ треба во даден момент. Културата може да служи како замена за лидерството кога обносувањето на лидерите е непотребно затоа што во организацијата веќе го има тоа што тој го нуди. Лидерот е успешен кога обезбедува психолошки и мотивациони ресурси што недостасуваат во организациската култура.

Лидерот ќе биде поуспешен кога неговото обносување дава информација и поддршка што не е дадена со организациската култура.

Слики: Роб Џонс

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото