1012 hPa
100 %
17 °C
Скопје - Саб, 05.10.2024 08:59
Документарниот филм „Црни бели дробови“ во продукција на Кадар се занимава со загадувањето на воздухот во Скопје, низ разговори со најзасегнатите од овој проблем.
1.350 луѓе годишно умираат од последиците на аерозагадувањето во Македонија. Лани секое второ дете имало респираторни проблеми. Надлежните не прават речиси ништо за да го сопрат загадувањето.
Во Скопје, дополнителна опасност предизвикува депонијата на токсичен, канцероген пестицид - линдан во кругот на фабриката ОХИС, која по 40 години, и натаму стои на отворено, на само три километри од центарот на Скопје.