Предавање на Линеа Вест во ГЕМ клуб

14.02.2017 11:47
Предавање на Линеа Вест во ГЕМ клуб

На 15 февруари во ГЕМ клубот со почеток во 19:30 часот ќе се одржи предавање на Линеа Вест, кураторка и координаторка на програмата C-MAP на Музејот на модерна уметност во Њујорк.

Предавањето носи наслов „Национализми, споменици и идентитет на културата: наследства на модернизмите во современиот момент и начини на отпор“.

Првиот дел од предавањето се однесува на нејзиното истражување на национализмот и постсоцијалистичките споменици низ призмата на историјата на уметноста. Спомениците се користеле/користат за да се формира национален идентитет преку поправањето на колективната меморија во долгорочна културна меморија.
Примерите како паркот „Мементо“ во Будимпешта и програмското шоу „Скопје 2014“ покажуваат како проектите, на различни начини, реагираат на модернистичките наследства и ја злупотребуваат фомата на споменик.

Вест во овој случај се запрашува дали местата ненамерно имаат ехо од естетиката на социјалниот реализам и дали тие прават разлика меѓу вистинската и лажна меморија.
Вториот дел од ова предавање, ќе разгледува како уметничките заедници во Њујорк и Будимпешта се организирале за отпор кон десничарскиот авторитарен национализам со стратегии кои ја истакнуваат граѓанската активност и протест.

Предавањето ќе биде одржано на англиски јазик.

Линеа Вест е писателка и кураторка која живее и работи во Њујорк. Таа ја координира глобалната истражувачка програма „Современи и модерни уметнички перспективи“ (C-MAP) на Музејот на модерна уметност во Њујорк. Таа е исто така уредник на Post, веб страницата на музејот која е посветена на уметноста и историјата на мдоернисмот во глобален контекст.

Вест е магистер по историја на уметност од Универзитетот во Џорџија. Во 2012–2013 год. таа била добитник на Фулбрајт грант за да го истражува националниот идентитет во современата унгарска уметност во Лудвиг Музејот за современа уметност во Будимпешта.

Предавањето на Линеа Вест е дел од серијата настани кои се поврзуваат со наградата ДЕНЕС, награда која се доделува секоја втора година на млад визуелен уметник до 35 години во Македонија. Оваа награда во Македонија е организирана од страна на Центар за современи уметности – Скопје уште од 2002 година, а во 2015 год. како партнер организација се вклучува и организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/Скопје која е организатор на настанот.

Оваа награда е дел од интернационалната мрежа на награди насловена „Програма на награди за млади визуелни уметници“ во Централна и Југоисточна Европа. Оваа програма е основана во 1990 година од Фондацијата за граѓанско општество заедно со претседателот на Чешка, Вацлав Хавел и потоа се проширува со воспоставување на награди во уште 10 земји во регионот. Од 2016 година оваа програма е менаџирана од резиденцијалната програма Residency Unlimited а наградата е два месеци престој во Њујорк.

ОкоБоли главаВицФото