1029 hPa
74 %

-1 °C
Скопје - Вто, 11.02.2025 21:59
Гардијан објави листа со најзагадените градови во светот, на која најлошо котираат брзорастечките градови од Азија и Африка. Кога е во прашање Европа, Тетово и Скопје се во врвот според загаденоста на воздухот, а меѓу првите десет е и Битола.
Британскиот весник Гардијан својата листа ја базира врз основа на податоците од Светската здравствена организација - СЗО.
Ако не се брои Турција, во Европа најзагаден град е Тетово, на второто место е Тузла во БиХ, додека на третото место е Скопје. Битола е на 9-то место, а меѓу првите десет се и градови од Полска, Бугарија и Црна Гора.
Сепак, ако во европските податоци се вклучат и градовите од Турција, тогаш меѓу првите 10 ќе бидат дури 8 турски градови.
Извор: Кајгана