Карамелизирана свиња

14.02.2017 14:27
Карамелизирана свиња

Со три децилитри виски испив цела табла ксанакси.

Со таква хемиска подготовка седнав да го слушам малото шаткасто чудовиште на телевизија нова.

Во лицето ми се виде како карамелизирана крушка намчакана во правкаст шекер, но, само на прв поглед, зашто, всушност, знаев дека течната и сува пудра врз неговите образи се елементи што се наредени како сланина врз шурена свиња.

Ми падна во очи дека најмногу инсистираше на логика во политиката.

Иво Банац би рекол дека тоа е наивно и дури, можеби, глупаво позиционирање, но еве, да не бидеме строги како хрватскиот професор, да речеме дека логиката е таа што треба да ни го осветлува патот кон паметните пристаништа.

Нели е логично дека некој што ја имал целокупната власт под апсолутна контрола треба да ја отстапи ако во текот на своето владеење дозволил земјата да биде смртно загрозена од Сорос, од владите врз кои тој влијаел да работат врз соборувањето на вмровската влада во Македонија, од неговите внатрешни инсталации од таканареченото Отворено општество, од предавниците од СДСМ, од Зоран Заев, од муслиманските свештеници според принципот „од оџа на оџа“, од амбасадорите на западните земји, од западните земји, од Америка пред Трамп итн. Нели е логично да се заклучи дека во ситуацијата што не ја опишувам јас, туку Никола Груевски, власта и владата, не се елемент на сигурноста и безбедноста на државата и на луѓето, туку елемент на ризикот и на најголемата опасност!

Нели е логично да отстапи власта која била власт во времето во кое земјата со која раководела отишла у курац, независно од моќта на непријателите? Нели е тоа логично ако и самата власт не негира дека сме во многу заебана ситуација? Нели е логично да се запрашаме што е тоа во вмро против што се формира целиот тој светски антимакедонски заговор и што се интересите на тие сили во Македонија освен тоа да го соборат вмро? Нели е логично некој да одговара ако украл осум милијарди евра и нели е логично да се овозможи систем во кој тоа ќе се утврди или ќе се демантира?!

Нели е логично дека нормална земја е и земја со која нормално може да управува и некој што нема 63 пратеника и не се вика вмро!

А, стоко?!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Били Даркарт