Митото станува дел од основната потрошувачка кошничка

15.02.2017 15:42
Митото станува дел од основната потрошувачка кошничка

Скопје, 15 февруари 2017

Трошоците за подмитување во иднина ќе се пресметуваат како дел од основната потрошувачка кошничка, соопшти Државниот завод за статистика.

Така, во ова мерило за стандардот на граѓаните во иднина, покрај вообичаените трошоци за станување, комуналии, здравство, основни животни намирници или облека, ќе се пресметуваат и трошоците неопходни за мито во текот на еден месец.

„Домаќинството, според сегашната методологија, е дефинирано како тричлено семејство и тоа семејство секој месец за трошоци за подмитување издвојува во просек по 10.000 денари, што е повеќе од една третина од вкупната вредност на потрошувачката кошничка. Тоа се трошоци кои повеќе не можат да се игнорираат и кои многу јасно укажуваат на општиот раст на стандардот во земјава. Фактот дека секој граѓанин на Македонија може да корумпира некого дури со 10.000 денари месечно говори дека прогнозите дека набрзо ќе живееме многу подобро биле точни“, велат од Државниот завод за статистика.

Стручњаците од оваа институција додаваат дека подмитувањето во голем број случаи е основна животна потреба, многу понеопходна од другите, и затоа сосема заслужено се наоѓа на списокот на потреби во потрошувачката кошничка.

„Исто така, не треба да се заборави дека сите пари дадени за корупција на крајот се враќаат во потрошувачка, што дополнително генерира економски раст, а тоа на крајот ќе резултира и со поглеми приходи и можност во иднина уште повеќе да издвојуваме за подмитување“, заклучуваат од ДЗС.

Извор: Njuz