Се срамам од државата во која специјалци растеруваат пензионери!

16.02.2017 03:12
Се срамам од државата во која специјалци растеруваат пензионери!

Не знам дали разбирате колку е тажно ова.

Колку е тажно луѓето да бидат доведени до тоа дереџе за да се тепаат за бесплатно возење со воз.

Колку е страшно стари луѓе да треба да се понижуваат за да добијат некоја забава во животот.

Колку сме мизерни како заедница за да дозволиме луѓето да бидат изложени на вакво газење на достоинството за бесплатен пијалак или сендвич.

Наместо веднаш да се пуштат уште два, три, четири воза и сите што сакаат да можат да отидат, донесени се специјалци.

Се срамам бре луѓе од државата во која специјалци растеруваат пензионери!

Се срамам од државата во која најубавото нешто што може да му се случи на некој човек е да добие бесплатно возење со воз и бесплатен сендвич.

Се срамам од државата која изгради стотици симболи на сопствената моќ, а граѓаните ги претвори во црвци кои се тепаат за трошки.

Не можам веќе да поднесам написи, како на пример:

„Пензионерите се главно изнемоштени лица во повозрасни години. Освен кога чекаат наутро да фатат ред во банка. Тогаш рушат рекорди во брзина, спремност и борбеност.“

Ма што ви е бре вам луѓе? Тоа се нечии мајки и таковци, баби и дедовци. Тоа се луѓе кои не би требало воопшто ни да чекаат пред некој шалтер туку да има служби кои ќе им го олеснат животот до максимум, а не да треба да стојат со часови за да платат сметка, па уште и некој да ги понижува и исмева.

Ма, да ти се плукнам бре во заедницата која не ги почитува постарите!

Извор: Фејсбук профилот на авторката