Почеток на добар ден

16.02.2017 05:10
Почеток на добар ден

Почеток на добар ден

Секое утро во шест и пол одам на трчање. За да дојдам до теренот на кој ја извршувам таа, за телото најсоодветна активност, морам да поминам низ гробиштата. Истрчувајќи полека пет до шест километри, надишувајќи се свеж воздух, со крвните садови допирајќи го животот во неговата единствена вистина, зацрвенет, се враќам назад. Бидејќи убавите девојки во тоа време веќе тргнуваат на своите работи и факултети, секогаш посакувам да видам дали фризурата од ветерот ми е потполно растурена. Првото место на кое можам патем да го проверам тоа се надгробните плочи од измазнет црн мермер.

Како во огледало, покрај ликот и името на умрениот, се појавува мојот лик. Без размислување правам два потега со раката, и фризурата станува прифатлива. Јас заминувам, а колегата од сликата останува.

Ќе ме чека и следното утро.

 

Пријателе

Пријателе, патот еден ден ќе те доведе во град, доволно голем и доволно мал, град по мерка на човекот. Ќе седнеш во еден од баровите на пространиот плоштад и ќе уживаш во глетките на топлата вечер. По втората пијачка на вратата ќе се појави девојка, доволно убава и доволно несовршена, ќе ти пријде, ќе те поздрави, ќе те фати за рака и ќе почне да игра со тебе на бразилска музика.

Пријателе, верувај ми, сево ова еден ден ќе има смисла.

 

Извор: PRIČE O SREĆI, Treći Trg, Beograd, 2008.
Превод од српски: Иван Шопов
Слика: Gonzalo Fuenmayor

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото