Скопје ги надминува годишните ЕУ стандарди за аерозагадување уште во февруари!

20.02.2017 12:50
Скопје ги надминува годишните ЕУ стандарди за аерозагадување уште во февруари!

Скопје ги надминува годишните ЕУ стандарди за аерозагадување уште во февруари, што е срамен потсетник за еколошката и здравствената катастрофа која ја преживуваат граѓаните на Скопје.

Во Европската Унија лимитот за концентрации на ПМ10 честички впросечени во 24 часа е 50 µg/m3. Во ЕУ, дозволениот број на надминувања на лимитите за PM10 честички е 35 денови во една календарска година. На 20 февруари 2017, овие ЕУ стандарди се надминати на сите мерни станици во Скопје.

Подолу во табелата се дадени вкупниот број на надминувања на 24 часовните гранични вредности (50 µg/m3) за PM10 честичките (броено во денови), на секое мерно место во Скопје за тековната 2017-та година:

Надминувања на 24 часовните гранични вредности (50 µg/m3) за PM10 честички (броено во денови) заклучно со: 20-02-2017 00:00

[1] Извор: Министерството за животна средина и просторно планирање [http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=1507]

[2] Извор: Европска комисија (http://ec.europa.eu/environment/air/quality/standards.htm)

Потсетуваме дека Светска Банка проценува дека во Македонија од загадениот воздух годишно гинат 1,350 граѓани, што значи дека секоја година ни се случува таканаречен екоцид.

Апелираме до локалните и централните власти за итни и одржливи мерки за подобрување на воздухот во Скопје и низ цела Македонија. Апелираме до граѓаните да користат јавен превоз, велосипед или да споделуваат превоз (3-4 луѓе во кола).

 

Заедница на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото