Детето и белото море

28.06.2010 10:21
Мизар

Секој новонајавуван албум на Мизар го очекував со огромно исчекување и нетрпение, мислејќи дека конечно ќе направат нешто ново и поинакво. Меѓутоа, од албумот Свјат Dreams (1991) не создадоа албум кој е вреден за внимание.

Првата средба со бендот Мизар ја имав 1986 г. на тридневниот фестивал под назив Poet rock, кога групата Мизар беше целосно непозната за сараевската публика. Со својот настап едноставно го ’мрднаа’ тогашниот клуб „Слога“.
 
Истото се повтори на наредното издание на фестивалот, со таа разлика што тогаш на ист начин ја ’збудалеа’ и салата во Скендерија, претставувајќи во тогашна Југославија единствен бенд кој својот музички израз го засноваше на готик-дарк музиката со големо влијание на традиционалната македонска музика која, секако, претставува непресушна инспирација за секој музичар кој доаѓа од тие простори.
 
После тоа веќе доаѓа до превирања во Мизар, па следниот настап во салата CDA го имаат без фантастичниот пејач Горан Таневски. Беше претставен женски вокал кој на крајот се покажа како целосно промашување. Членовите на бендот се свртеа кон своите приватни проекти, па така гитаристот Горазд Чаповски го создаде бендот Кисмет кој стана најпознатиот од сите бендови кои се изродија од Мизар. Останатите членови се собраа околу групата Архангел.
 
Мизар повторно станаа актуелни со албумот Кобна убавина (2004), каде за вокален солист го зедоа Горан Трајковски од бендот Анастасиа. Албумот донекаде му се навраќа на изворниот Мизар звук, но сè уште е далеку од старата слава бидејќи ни приближно ја нема силата, харизмата и квалитетот. За време на 2006 г. имаат турнеја со Горан Таневски во која го посетуваат и Сараево каде одржуваат одличен концерт.
 
Потоа со повратникот Таневски во 2007 г. го снимаат албумот под наслов Поглед кон цветната градина кој покажува дека момците од Мизар западнале во тешка креативна криза и единственото нешто кое вреди да се спомене од самиот албум е гласот на Таневски.
 
По три години повторно објавуваат албум под наслов Детето и белото море за кој уште веднаш по првото слушање може да се каже дека претставува чисто промашување. Албумот во целост му е подреден на православното пеење каде без Горан Таневски тоа изгледа уште полошо. Албумот е снимен од страна на Горазд Чаповски, Златко Ориѓански (Анастасиа, Lola V Stain) и Пеце Китановски.
 
Верувам дека албумот е одлично примен во Македонија бидејќи сигурно ги побудува верско-патриотските чувства, но остатокот од планетата останува рамнодушен. Мизар го направи овој проект заедно со византискиот хор Хармосини. Музички, дел од песните можат да добијат преодна оценка (Александар, Константинопол или Бело море). Главно комбинираат византиско пеење кое е вклопено со електричните и традиционални македонски инструменти, што го покажува големото влијание на Златко Ориѓански врз конечниот изглед на песните, со оглед на тоа дека тој со бендот Lola V Stain создаваше сличен звук. Текстовите се преполни со патриотски набој во кои пејат за неоспорните природни убавини на својата земја. Меѓутоа, точката од кој нема враќање сигурно ја претставува класичната народна песна Бродови пловеа со која го зададоа последниот колец во телото на Мизар. Тоа е чист народњак од кој би се засрамиле и тврдокорните турбо-фолкери.
 
Сè на сè, лошо и разочарувачки од страна на Мизар, кои со овој албум изгубија голем број обожаватели, но и веројатно ги привлекоа оние чии народните звуци им се единствената музика која допира до нивните уши. Доколку се случи и тоа, тогаш мисијата наречена Мизар е сигурно завршена за век и векови.
 
Извор: zurnal.info

kontra

Spodeluvam link do elektronskoto spisanie Reper, kade isto taka ima kriticki osvrt kon noviot album na Mizar. Vjubenicite vo nivnata muzika veruvam deka treba da go procitaat.
http://www.reper.net.mk/statija.php?ID=74
sekoe dobro

Поприлично кутра и неука

Поприлично кутра и неука рецензија и според форма и според содржина во кое превира неразбирањето на контекстот на албумот и површноста на самиот „киритичар“.