Осаменост

24.02.2017 04:37
Осаменост

По дваесет години во новата куќа, беше неопходно да се извршат некои ситни поправки. Заменив лајсни, неколку фасонки, ги пополнив ситните пукнатини со кит и гипс. Во моментите кога се одморав во дворот, а небото ја добиваше бојата од чадот на цигарата помеѓу прстите, го забележав ѕвончето, веднаш до влезната врата. Беше невозможно да се притисне таа закоравеност, но по некое време успеав да го разлабавам со помош на чеканче и игла. И додека заглушувачки продорната мелодија ја слушав за првпат, се видов себеси како бавно ја отворам вратата, насмеан и збрчкан. Видов проѕирен старец кој ја зеде формата од чадот и се извиши нагоре, исчезнувајќи.

Извор: Тритонус, Темплум, 2008, Скопје.
Фотографија: Силвија Ганора

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото