1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 07:59
Ние бевме шарени, тие црни.
Ние се смеевме, тие се закануваат.
Ние не спомнувавме оружје, тие на челото на колоната промовираа вооружен конфликт.
Ние бевме мултиетнички, тие моноетнички.
Ние бевме родово балансирани, тие се мажишта/тепачишта.
Ние бевме индивидуи со најразлични мислења и идеологии, тие беа група која повикува на хомогенизација.
Ние бевме со знамињата на државата, тие со знамиња кои промовираат експанзионизам.
Ние повикувавме на демократија и работа на институциите, тие повикуваат на едноумие и севластие на една политичка партија.
Ние баравме подобар живот за сите граѓани на Република Македонија, тие тврдат дека ни е убаво вака како што е.
Ние баравме контрола над власта, тие се колнат во власта.
Има разлика.
И има „ние и тие“, колку и да жалам заради тоа.
И тоа не ме спречува да се борам за држава која ќе овозможи подобар живот и на „ние“ и на „тие“. Затоа што го заслужуваме тоа како луѓе кои живеат во 21, а не во 19 век.
Извор: Фејсбук профилот на авторката
Фотографија: Ванчо Џамбаски