Трагедија е финита

26.02.2017 21:57
Трагедија е финита

Не сум видел поомразен човек да се повикува на народот. Во очајното обраќање на Прочка, тој потврдува дека е медицински, а не политички случај! Што не значи дека зад него и неговиот режим не стоеја и не стојат и сериозни политички и геополитички интереси.

Време е, всушност, веќе доцниме, да го дефакторизираме како политичка фигура.

Тој што ја урниса државата го повикува народот да ја спаси!

Не од него, туку од некакви надворешни атаци и внатрешни предавници. На народот му ги нуди своите сомнамбулии во замена за своето спасение. Ја бара смртта на сè живо за својот живот!

Човекот е луд во сите варијанти, освен ако се покаже дека воопшто не е и не бил човек.

Единствениот сомнеж кај некој медицински конзилиум кој би се занимавал со неговата здравствена состојба, би предизвикал фактот дека тој во целото свое обраќање дава сериозни знаци дека е свесен дека претставата е завршена!

„Ако толку по секоја цена сака Заев да биде премиер, нека не удира по државните и националните интереси. Нека ја спроведува програмата од изборите без редефинирањето. Нека удри и по нас, ама не по државата и нејзините темели. Еве јас доброволно ќе прифатам ако тоа му е услов на Заев да ме уапсат, затворат и малтретираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува како малцинска влада колку време сака до наредните избори кои заедно би ги договориле, нека удри по мене, само нека се откаже од удирање по темелите на државата заради желбата да е на власт. Ова нека го сфати како јавна понуда.“

Не знам што ќе му одговори Заев, но, јас би прифатил да го уапсам и да го затворам и истовремено би удрил и би ги растурил во најситна прашина темелите на државата што ги удрија тој и неговиот режим, тоа монструозно чудовиште за кретенизација на луѓето, за културен, морален, социјален и економски пад од невидени размери!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Странски служби