Вечер на долгите ножеви на ТВ Нова во обид да се расчеречи Беса Арифи

27.02.2017 02:51
Вечер на долгите ножеви на НоваТВ во обид да се расчеречи Беса Арифи

Грозна, некултурна, фашизоидна, национал-шовинистичка, силеџиска расправа во ТВ Нова во која три разгоропадени идиотки и караконџули: Виолета Ачковска, Валентина Божиновска и на јавноста познатиот квази политички коментатор Сотир Костов и кобајаги водителката на емисијата Анита Петрова-Рајковиќ, позната чипирана груевистка, најбрутално и вулгарно со надвикување и честопати во еден глас ѝ се нафрлуваа со национал-фашизоидни аргументи доведени до апсурд на една од врвните млади интелектуалки и извонредна универзитетска професорка, признаена и прифатена од најшироката јавност, а посебно од пријателите на ФБ, колешката Беса Арифи. Енергично и борбено, таа со аргументи ги бранеше граѓанските права, а пред сè правото на етничките сограѓани Албанци на употреба на нивниот мајчин јазик.

За нејзините елаборирани аргументи засновани на Уставот, соговорниците познати како тоталитарни шутови, како разјарени ѕверови ја обвинија за сè што им дојде напамет, од тоа дека етничките Албанци го загрозуваат опстанокот на етничките Македонци и опстанокот на земјата. Ја обвинија за меѓународниот заговор против ВМРО-ДПМНЕ, за странски служби кои ја уништуваат Македонија, за Заев кој јаде живи луѓе и други бројни морбидни обвиненија кои можат да ги смислат и изречат само болни умови.

На крајот на емисијата, свесна дека како хиени и мршојадци, како ѕверки во човечка кожа ги надминаа сите професионални, етички и човечки граници, горопадната водителка без тронка срам им се заблагодари на гостите со убедување дека никој не бил нападнат и навреден.

За Беса! Браво Беса! Не само што го одбрани своето професионално достоинство и достоинството на граѓаните на Македонија, без разлика на националната припадност, туку и уставната платформа за слободна, европска и демократска Македонија!

Извор: Фејсбук профилот на авторот