Жителите на Карпош 4 си ја раззеленуваат населбата

28.02.2017 04:50
Жителите на Карпош 4 си ја раззеленуваат населбата

Локалните жители од населбата Карпош 4 минатата сабота ја почнаа акцијата за садење дрвја во нивната населба. Иницијативата ќе се спроведе на неколку места, а за почеток се садеа дрвја во паркот на булеварот „Партизанска“, спроти пицеријата „Доминос“.

Настанот е организиран од иницијативата „Ние сме Карпош 4“, со поддршка на еколошкото здружение „Еко-свест“. Дрвјата кои се садат жителите симболично ги обележуваат со името на нивната локална иницијатива.

Жителите претходно ги повикаа граѓаните кои сакаат да им се приклучат дека е потребно да понесат само лесна облека, ашов, лопата, ракавици и желба.

Извор: Радио МОФ

ОкоБоли главаВицФото